Охрид за празниците личи на монденско место. Покрај големиот број гости и раздвиженоста, посебен „шмек“ на центарот на градот му даваат прекрасно украсените излози на дуќаните.

Мало ремек дело направи специјализираната агенција за организација и декор на свечености „ИМПАКТ ГРУП“, која празнично ги украси излозите и продажниот простор на бутикот „La Garage“ во срцето на охридската чаршија.

Внимателно уредени во најразлични дезени се речиси сите излози на дуќаните во чаршијата, што ја прави празничната атмосфера во Охрид посебна.

OhridNews