Околу 1000 парчиња облека, стотина играчки, десеттици пара обувки, беа собрани во Велигденската хуманитарна акција на лајонс клубот „Лихнидос“. Вредните волонтерки Ана Чукалеска, Сузана Бакреска и Маријана Малчиноска, празнично ги аранжираа подароците, кои ќе им бидат предадени на граѓани од социјално ранливи категории.
Хуманитарната акција се реализира во соработка со црквата Св. Богородица Каменско, а ја помогнаа бројни волонтери, хумани граѓани пријатели на ЛК Лихнидос и компании.
Покрај подароците, ЛК Лихнидос обезбеди и 100 празнични празнични оброци, кои за Велигден, исто така, ќе бидат поделени на граѓани од социјално ранливите категории.
OhridNews

















