Пред 19 години не напушти “кошаркарскиот Моцарт“ (видео)
07.06.12 11:36
На денешен ден пред 19 години, во сообраќајна несреќа, животот го загуби еден од најдобрите европски кошаркари на сите времиња, кошаркарскиот Моцарт – Дражен Петровиќ.
Несреќата се случи на авто-патот кај Денкендорф, во близина на Инголштад, кога возилото во кое покрај Петровиќ биле и неговата девојка, која управувала со автомобилот, Клара Слатни, и нејзината пријателка Хилал Ебедал, директну удрило во цестерна паркирана покрај патот.
Кошаркарскиот Моцарт кариерата ја започнал на 15-годишна возраст во Шибеник, со која играше двапати во финалето на Купот Радивој Кораќ, а освои и една титула во СФРЈ, која потоа административно и’ припадна на Босна. Од Шибеник се сели во Цибона, со која двапати стан европски првак.
Дражен во 1989 година се сели во Реал Мадрид, а со репрезентацијата на СФРЈ ја освои европската титула.
Една година подоцна замунува во НБА лигата, во Портланд, а со репрезентацијата го освои златниот медал на Светското првенство во Аргентина. Од Портланд заминува во Њу Џерси, во чиј дрес се стекна со статус на легенда.
На последниот натпревар во Њу Џерси, пред клубот да се пресели во Бруклин, му беше оддадена почит како на еден од кошаркарите кои оставиле длабока трага во историјата на клубот.
Петровиќ на крајот од својата втора НБА сезона, со репрезентацијата на Хрватска освои сребро на ОИ во Барслеона. Во финалето Хрватска беше поразена од оригиналниот „Дрим Тим“, предводен од Џордан, Меџик Џонсон и Лери Бирд.
41-годишната американка доживеа пад на денешниот спуст на Олимписките игри по што беше пренесена во болница Инцидентот се случи во горниот дел од патеката Се стравува дека падот може да ја чини и к...
Со спектакуларна свеченост, синоќа беа отворени 25-тите Зимски олимписки игри што се одржуваат во Милано – Кортина, Италија Овој настан означи почеток на една нова ера во олимписката историја...
Во првото коло од плеј-оф фазата тимот на ГКК Охрид ќе се соочи со екипата на КК Соколи – Штип, во меч кој носи огромно значење во борбата за место во елитата Секој поен, секоја одбрана и секоја се...
Оваа веб-локација користи колачиња за да можеме да ви го обезбедиме најдоброто можно корисничко искуство. Информациите за колачињата се зачувуваат во вашиот прелистувач и извршуваат функции како што се ве препознаваат кога ќе се вратите на нашата веб-локација и му помагаат на нашиот тим да разбере кои делови од веб-локацијата ви се најинтересни и корисни.
Строго неопходни колачиња
Строго неопходното колаче треба да биде овозможено во секое време за да можеме да ги зачуваме вашите параметри за поставките за колачиња.
Ако го оневозможите ова колаче, нема да можеме да ги зачуваме вашите параметри. Ова значи дека секогаш кога ќе ја посетите оваа веб-локација ќе треба повторно да ги овозможите или оневозможите колачињата.