За Бадник пред Божиќ, традиционално се подготвува богата посна трпеза. Покрај гравче, риба и други посни специјалитети на маса обично има и печени костени. Годинава на пазарот во Охрид костените речиси и да ги немаше на тезгите. Вчера забележавме едвај еден до двајца продавачи, а цената на костените беше 120 денари за килограм. За споредба пред празникот костените се продаваа по цена од 70 – 80 денари за килограм.

OhridNews