Пред бизнис-заедницата во Охрид, денес, Царинската Управа го промовира концептот на Овластен економски оператор. Оваа новина се внесува со цел мотивација на компаниите што учествуваат во меѓународната трговска размена во иднина да го користат во своето работење.
Како што појасни директорот на Царинската управа Ѓоко Танасоски станува збор за програма која е важен инструмент и алатка за партнерство меѓу Царината и деловната заедница.
Придобивките и погодностите што ги добиваат операторите со стекнато одобрение се многубројни и тоа приоритетен третман при минување на гранциите, скратување на времетраењето во спроведувањето на царинските постапки, намалување на бројот физичкии документарни контроли и друго. Овластениот економски оператор претставува и меѓународно признаена марка за квалитет, што значи дека македонските компании во меѓународните синџири за снабдување ќе бидат признаени како безбедни и сигурни, а нивните царински процедури усогласени и ефективни. – рече Танасоски.
Станува збор за концепт предвиден со повеќегодишниот акциски план што се однесува на регионалната економска зона донесен на Самитот во Трст од земјите од Западен Балкан. Воведувањето на концептот Овластен економски оператор претставува клучна активност со која се овозможува негово меѓународно признавање, првично во рамки на ЦЕФТА, а потоа и во рамки на ЕУ и глобално.
Одобрението за Овластен економски оператор се издава од страна на Царинската управа. Можат да го стекнат економски субјекти како увозници, извозници, производители, траснпортери или шпедитери.
Досега во Македонија барања за стекнување на правото за Овластен економски оператор поднеле две компании.