Од охридската библиотека најавуваат повеќе активности за оваа седмица.
Денес, во читалната на библиотеката е поставена изложба на книги од Роднокрајните автори родени во август: Живко Чинго, Радослав Петкоски, Ангеле Грозданоски и Славе Николовски – Катин.
Утре, вторник директорката на НУ Библиотека „Григор Прличев“ Гордана Змејковска ќе го посети Семинарот за македонски јазик, литература и култура и на дел од учесниците-посетители на лекторски вежби и преведувачкиот курс ќе им подари примероци од книги од македонски писатели и поети.
Во сабота, 17 август во 12 часот НУ Библиотека „Григор Прличев“ ќе биде домаќин на Поетскиот портрет на бугарската поетеса Поли Муканова која е гостин на 31 издание на манифестацијата „Поетска ноќ во Велестово“ поддржана и од Министерството за култура на РСМ.












