Пред почетокот на Охридскиот џез-фестивал беа реализирани активности за одржување на јавната чистота и зеленило во предворјето на црквата „Света Софија” и околниот парк, информираат од ЈП Охридски Комуналец.
Во организација на Општина Охрид вечерва започнува првиот Охридски џез-фестивал и ќе се одржува во предворјето на црквата „Света Софија”. По тој повод оперативните служби реализираа активности за одржување на јавната чистота и зеленило во предворјето на црквата „Света Софија“, околниот парк и пристапни патеки, велат од пртепријатето.
Охридскиот џез-фестивал се одржува со цел збогатување на туристичката понуда со квалитетни настани и манифестации и во рамки на истиот денес е предвиден настап на Горан Папаз и Ансамбл „Билјана“ и гостите Танче Гроздановски и Ратко Даутовски, додека утре концерт на Џон И. Апелгрен квартетот.
OhridNews













