Во рамки на своите активности од здравствено- превентивна дејност, а по повод Светскиот ден на борба против остеопорозата, 20 Октомври, Црвен крст Охрид организира предавање на тема „ Остеопорозата- значаен проблем во стоматологијата“.
Според дефиницијата на Светската здравствена организација, остеопорозата е системско метаболно, ендокринолошко заболување кое се карактеризира со ниска коскена маса и подложност на скршеници кои носат несогледливи последици за здравјето и висок морталитет. Главната причина за појава на оваа болест е намалувањето на нивото на естрогените хормони, кај жените, односно тестостеронот кај мажите. Според статистиката во Македонија, секоја трета жена и секој петти маж имаат остеопороза.
Освен за остеопорозата како заболување, на ова предавање ќе се говори и за значењето на витамините и минералите врз здравјето, ќе бидат дадени совети за превенција, третман и начините како до поздрави коски. Посебен акцент ќе се стави на проблемите кои се јавуваат во устата како последица од ова заболување.
Предавањето ќе го одржи Д-р Кристина Стојаноска Алоска, стоматолог, во просториите на Црвен крст Охрид, на 20- ти октомври со почеток во 17 часот.
OhridNews