„Innovative 3D applications” е името на научното предавање што ќе се одржи во вторник во Универзитетот за информатички науки и технологии „Св. Апостол Павле“ во Охрид.
Предавањето кое има за цел да ги приближи иновативните 3Д програми до студентите ќе го води д-р Благица Јованова, истражувач и доцент на институтот ,,Telecom Sud Paris” во Франција. Д-р Јованова, својот докторат го има стекнато во Франција, a во оваа престижна научна институција работи од 2005 година.











