Едукативната сесија ќе се одржи на 17 Февруари, во четврток, во големата сала на Собранието на Општина Охрид во Охрид, со почеток во 18 часот.
Во Македонија од рак на грлото на матката секоја година заболуваат над 200 жени, а приближно половина од нив умираат од овој тип на малигном.
На предавањето ќе земе збор Г-ѓа Биба Додева, Претседател на Здружението за борба против рак „БОРКА- за секој нов ден“ и Г-ѓа Нада Мартиновска, Претседател на Женскиот Центар „Бисера“ од Охрид.
Едукативниот и стручен дел од оваа сесија ќе го реализираат Др.Емилија Трајковска, специјалист гинеколог-акушер, која ќе се осврне на проблематиката за подигање на свеста кај популацијата и превенцијата на ракот на грлото на матката и Др.Ирена Андонова, специјалист гинеколог-акушер,од Гинеколошко-акушерската болница „Св.Лазар“ во Скопје, осврнувајќи се на карциномот на матката и јајниците, и симптомите кои се јавуваат во менопауза кај жените.