На 28-ми декември, петок, со почеток во 11 часот ќе се одржи 21-та седница на советот на општина Охрид. Предлог-буџетот за 2019 година, предлог-одлуката за утврдување на вредност на бодот за платите на државните  службеници за 2019 година, се само дел од точките на дневен ред на седницата.

Советниците ќе расправаат и за предлог програмите за работа за наредната година, како и за предлог програмите за работа на јавните претпријатија во 2019.

Во меѓувреме се очекува да се одржи вонредна седница на која ќе биде избран заменик градоначалникот на општината, кој меѓудругото, треба да е предлагач на предлог-буџетот за 2019.