Предлог–одлуката за предлагање за прогласување на чинарите во поширокото градско подрачје во општина Охрид и кочеџикот во дворот на црквата „Св.Богородица Перивлепта“ во категорија-споменик на природата, ќе се најде пред советниците на шестата седница на советот на општина Охрид закажана во понеделник, 29-ти јануари со почеток во 11 часот.

Советниците ќе расправаат и за предлог одлуките за спроведување мерки за субвенционирање на трошоци за комунални услуги, формирање Штаб за заштита и спасување, за одобрување финансиски средства за материјално-финансиска поддршка на спортски клубови на подрачјето на општина Охрид за 2018 година.

На дневен ред на седницата ќе бидат и предлог одлуките за разрешување и именување членови во управните одбори на основните и средни училишта и детската градинка „Јасна Ристеска“.

OhridNews