MILAN-TORINO 1 (1.7)

Вечерва во италијанското калчо се играат три натпревари, нашиот избор е екипата на легендарниот Кларенс Сидорф. По смената на тренерот и екипата на Милан не е веќе иста, имено Кларенс Сидорф со неговото доаѓање има две победи проти Верона и незгодиот Каљари и тоа на гости.

Екипата на Милан се наоѓа на 9-та позиција додека Торино на 6-та позиција и и двете екипи имаат се уште шанса да се пласираат во Лигата на шампиони или во Европа лигата.

Во последните 5 натпревари во калчо лигата Милан има 2 порази против нивниот градски ривал Интер и оној несреќен против Сасуоло, но затоа пак имаат победи против Верона,Каљари и Аталанта.

Додека пак екипата на Торино има 3 победи, еден нерешен натпревар и еден пораз.

Традицијата е на страната на Милан, имено во последните 5 меѓусебни натпревари Милан има 3 победи и 2 нерешени натпревари.

Дали староновата екипа на Кларенс Сидорф ќе продолжи со убавата игра останува да се види вечерва.

STOKE-MANCHESTER Utd. 2 (1.6)

Денеска во 16 часот во премиер лигата се игра натпреварот помеѓу Сток Сити и Манчестер Јунајтед. Нашиот избор е екипата на Манчестер која полека но сигурно се приклучува кон водечките 6, нарочито сега кога се врати и нивниот прв напаѓач, а можеби и најдобриот нивни поединец Робин Ван Перси.

Екипата на Манчестер се наоѓа на 7-та позиција со 40 бодови само 3 помалку од 5-от Тотенхем.Исто така во последните 5 натпревари имаат 3 победи и два порази од Тотенхем и Челзи.

Со последниот факт се гледа дека Манчестер со посилните мака мачи додека со послабите тимови е без милост.

Според традицијата во последните 10 меѓусебни натпревари на овие две екипи е на страната на Манчестер со дури 9 победи и еден нерешен натпревар во сите натпреварувања.

Ј.Л.