West Bromwich-Southampton X2 (1.4)

Попладнево во англиската Премиер лига играат ВБА-Саутемптон,а ние типуваме на гостите или нерешено.

Екипата на ВБА се наоѓа на 14-та позиција и на последните 5 натпревари имаат една победа против Свонси со 2:0,три нерешени натпревари (Евертон 0:0,Барнли 2:2,Сандерленд 0:0) и пораз од Тотенхем со 0:3.

Од друга страна пак гостите од Саутемптон се наоѓаат на 5-та позиција и на последните 5 натпревари имаат две победи (Њукасл 1:2,КПР 0:1),еден нерешен и без голови натпревар со Вест Хем и два порази (Свонси 0:1,Ливерпул 0:2).

И традицијата е на страна на гостите кој на 14 натпревари одиграни против ВБА имаат скор 4-7-3.

CSKA M.-Sochi 1 (1.4)

Попладнево во КХЛ лигата вториот натпревар од плејофот го играат ЦСКА Москва-Сочи,а ние типуваме на домаќинот.

Екипата на ЦСКА победи на првиот дуел со 3:0 и не веруваме дека на вториот натпревар на домашен терен ќе киксира,затоа што потоа треба да играат на гости во Сочи други два реванш натпревари.

Според сето тоа плус традицијата 5-0 денес би требало да победат домаќините.

Sassari-Cantu 1 (1.4)

Вечерва во италјанската Лега А играат Сасари-Канту,а ние типуваме на домаќинот.

Екипата на Сасари се наоѓа на 4-та позиција и на последните 5 натпревари имаат 3 победи (Кремона 88:82,Пистоиа 96:78,Виртус Рома 72:61) и два порази (Виртус Болоња 80:75,Бриндизи 76:74).

Од друга страна пак екипата на Канту се наоѓа на 10-та позиција и на последните 5 натпревари имаат три победи (Варезе 91:83,Авелино 76:79,Тренто 110:84) и два порази (Виртус Рома 60:70,Виртус Болоња 108:96).

По традиција пак подобри се гостите со скор 10-6 против екипата на Сасару.

Vojvodina-Mladost Lučani 1 (1.45)

Попладнево во српската Супер Лига играат Војводина-Младост,а ние типуваме на домаќинот.

Екипата на Војводина се наоѓа на 4-та позиција,а на последните 5 натпревари имаат една победа против Раднички со 3:4,два нерешени и без голови натпревари со Рад и ОФК Београд и два порази (Донји Срем 2:3,Чукарички 1:2).

Од друга страна пак екипата на Младост се наоѓа на 9-та позиција и на последните 5 натпревари имаат 3 нерешени натпревари (Раднички 1923 0:0,Раднички Ниш 2:2,Црвена Звезда 1:1) и два порази (ОФК Београд 2:1,Јагодина 2:3).

И традицијата е на страна на домаќинот кој против Младост имаат скор од 5-1-1.