Atalanta-Livorno 1 (1.85)

Вечерва во Италија се игра 30-коло во рамките на Серија А.Наш избор е натпреварот Аталанта-Ливорно,а типуваме на домаќинот.

Аталанта се наоѓа на 8-та позиција и на последните 5 натпревари има 4 победи во низа (Интер 1:2,Сампдорија 3:0,Лацио 0:1,Киево 2:1) и еден нерешен натпревар со екипата на Удинезе со резултат 1:1.Екипата на Аталанта ако продолжи со ваквата игра ништо чудно и ако ја гледаме во натпреварите на Лига Европа.

Ливорно од друга страна пак се наоѓа на 18-та позиција и игра за опстанок,а на последните 5 натпревари има една победа против екипата на Болоња со 2:1,еден нерешен натпревар со Наполи со резултат 1:1 и три порази (Торино 3:1,Сампдорија 4:2,Верона 2:3).

Традицијата пак е на страната на Ливорно која против Аталанта има 6 победи,3 нерешени натправари и 4 порази.

Fiorentina-Milan 1 (2.3)

Друг интересен натпревар за типување од италјанското калчо е натпреварот помеѓу Фиорентина и Милан.Според нас знаејќи ја мометалната форма на Милан би требало да победи екипата од Фиренца.

Фиорентина се наоѓа на 4-та позиција и во најмала рака игра за излез во Лига Европа,а на последните 5 натпревари има 2 победи во низа (Наполи 0:1,Киево 3:1),еден нерешен натпревар со Парма со резултат 2:2 и два порази од Јувентус и Лацио со идентични 1:0.

Од друга страна пак Милан се наоѓа на 12-та позиција и без шанса за излез во европските натпреварувања.Милан на последните 5 натпревари има една победа против Сампдорија со 0:2,еден нерешен натпревар со екипата на Лацио со резултат 1:1 и три порази (Парма 2:4,Удинезе 1:0,Јувентус 0:2).

Традицијата пак ни го кажува спротивното,имено екипата на Милан има 10 победи,5 нерешени натпревари и 4 порази против екипата на Фиорентина.

Ohridnews