
Со Законот се предлага издавање вредносни ваучери за таблет компјутери со надворешна тастатура за редовните студенти од семејства во кои месечните приходи не го надминуваат износот од 32.741 денари бруто приход и кои првпат се запишани во трета и четврта година на студии на високообразовните установи, како и за студентите кои се евидентирани како лица со посебни потреби запишани во било која година на студии.
Предлогот за донесување на законот меѓу другото се смета дека и директна стимулација за компаниите кои се дел од ИТ секторот.
За спроведување на овој закон се потребни 96.000.000 денари, средства кои се обезбедени од Буџетот на Министерството за информатичко општество и администрација.
Пратениците денеска ќе расправаат и за Законот за административни службеници и за Предлог на законот за изменување и дополнување на Законот за придонеси од задолжително социјално осигурување, по скратена постапка.
OhridNews












