Предлог Одлуките за давање согласност на планот за изменување на годишниот план за вработување во општина Охрид за 2017 година, како и давање на користење и стопанисување повеќенаменско игралиште, еден двоен тениски терен и еден единечен тениски терен, од општина Охрид на ЈП„Билјанини Извори“, се дел од точките на дневен ред на седницата закажана на 18-ти јули.

Освен за овие точки советниците ќе расправаат и за именување членови во Управниот одбор на ЈП„Билјанини Извори“, усвојување на измените на програмата за поддршка на локалниот економски развој за 2017 година, за проширување на средствата на буџетот на општина Охрид за 2017 година, усвојување на дополнувањата на програмата за изработка на урбанистички планови за 2017 година, како и предлог Одлуката за утврдување на услови за начинот на градење во село Велгошти, општина Охрид за кое нема урбанистички план.

Советниците ќе одлучувааат и за низа урбанистички решенија поврзани со бесправно изградени објекти.

OhridNews