Најголемата шпедитерска компанија „Фершпед“ го предложи Зоран Михајлоски за нов член на одборот на директори во Хотели „Метропол“.

Компанијата предлага и да им се продолжи мандатот на старите директори Драган Наков (син на Штерјо Наков) и Горан Ташков, како неизвршен и независен член.

Одлуката би требало да биде донесена на редовното годишно акционерско собрание на Хотели „Метропол“, кое треба да се одржи на 7. април оваа година.

„Фершпед“ е мнозински акционер во Хотели „Метропол“, каде што поседува 71,01 отсто од обичните акции. Приоритетните акции на „Метропол“ се во сопственост на Фондот за пензиско и инвалидско осигурување.

Во октомври 2008 година најголемиот акционер на „Фершпед“, Штерјо Наков, човекот кој со години е на чело на компанијата, својот сопственички удел им го подари на двата сина. Драган и Сашо Наков сега имаат по малку повеќе од 11 отсто во „Фершпед“, или вкупно малку над 22 проценти.

OhridNews
извор: Makfaks