На седницата на Комисијата за финансии и буџет, од страна на локалната самоуправа и ЈП Нискоградба бил изнесена предлог- одлука за  кредитно задолжување на јавното претпријатие Нискоградба во висина од 6 милиони денари.

Како што било објаснато од страна на предлагачите, намената на кредитот е за исплаќање на неисплатени плати и даноци.

За членовите на комисијата од ВМРО- ДПМНЕ, ваквата предлог- одлука е фрапантна и скандалозна.

Ова е веќе лудило во однесувањето на локалната самоуправа и јавните претпријатија во Охрид . Неспособноста на менаџерите од ЈП Нискоградба , истите оние кои трошат 550.000 денари за мобилни телефони , истите кои ги поскапуваат услугите  и истите кои лажеа дека во претпријатието се е во ред  , сега треба да ја плаќаат граѓаните. ЈП Нискоградба е водено од најнеспособен тим чија жртва е Охрид и бараме мерки против менаџерскиот тим, реагираат членовите на комисијата за финансии Јованка Дамоска- Секулоска и Дејан Пановски.

OhridNews