Градоначалникот Константин Георгиески донел решение за ништовност на одобрението за градба за објектот во Лагадин, кое било обжалено од страна на инвеститорот до второстепената комисија. Второстепената комисија ја одбила жалбата и со тоа го потврдила решението за ништовност.

Сега на инвеститорот му останува можност да поведе управна постапка пред управен суд, да поднесе тужба против решението на второстепената комисија.

Градоначалникот Константин Георгиески информира дека има записник за отстранување на објектот, но локалната самоуправа не може да постапи додека не заврши управната постапка. Во спротивно, локалната самоуправа може да се доведе во ситуација да плаќа отштета, доколку инвеститорот го добие случајот.