Во среда, 18 декември, на плоштадот „Крушевска Република” (кај Стариот Чинар) со почеток во 12 часот ќе се одржи предновогодишен хуманитарен настан „Новогодишен сон”.

На настанот со музички точки ќе настапат ученици од второ и трето одделение од основните училишта во општина Охрид, а воедно ќе се продаваат производи изработени од нивните вредни рачиња.
Настанот ќе го води Жанко З`ш Голабоски и ќе биде присутен Дедо Мраз. За секој купен производ на базарот ќе се извлекуваат симболични награди.
OhridNews












