Членовите на балетското студио на Ана Савиќ, на 14 декември, со почеток во 20 часот во Центарот за култура „Григор Прличев“ ќе одржат предновогодишен концерт.

На концертот ќе настапат 40 балерини на возраст од 3 до 15 години, кои ќе изведат различни точки од забавен карактер. За дел од точките младите балерини сами ја подготвија кореографијата, а за останатите се погрижи нивниот педагог и кореограф Ана Савиќ.

Концертот премиерно се одржа во јуни, а сега е наменет за широкиот еудиториум.

Ве чекаме да се забавувате заедно со нас!, порачуваат балерините од студиото на Ана Савиќ.

OhridNews