Вечерва со почеток во 19 часот, во Центарот за култура „ Григор Прличев“ учениците од основното музичко училиште „ Методи Патче“  ќе го одржат традиционалниот предновогодишен концерт.

Ќе настапат дваесеттина ученици кои ќе изведат дела од познати композитори меѓу кои Хајдн, Бах, Шопен, Шуман, Чајковски. Публиката ќе има можност да го проследи и настапот на училишниот хор под диригенство на професор Љупчо Аслимоски.

OhridNews