Во училиштето за странски јазици „КВИН“, вчеравечер, се одржа традиционалниот предновогодишен маскенбал.

Во весела атмосфера со игра и песна,учениците уште еднаш ја покажаа својата креативност облечени во најразлични маски како Зоро, Шерлок Холмс, Бетмен, принцези и кловнови, дедо мразовци и ескимки… Посебно изненадување и радост за децата приреди доаѓањето на Дедо Мраз кој се забавуваше со нив.


Предновогодишен маскенбал во училиштето „КВИН“

OhridNews