Ротаракт Клуб- Охрид во соработка со игротеката „ Смајли“, во недела 21- ви декември од 13 до 16 часот  организираат предновогодишна донаторска забава  „ Од децата за децата“.

– Донесете ги Вашите деца,внучиња или мали пријателчиња на забава во игротека „ Смајли“, влезот е бесплатен.Со донираните средства,ќе дадете свој придонес во нашата цел, да ги направиме посреќни децата од загрозените семејства, во пресрет на Новогодишните и Божиќните празници, порачуваат организаторите.

OhridNews