Центар за култура „Григор Прличев“

Од 24.12.2021 - 20:00

„Импровокаторите“ најавуваат „пеколен“ крај на годината со предновогодишна епизода од шоуто „Импровокација“.

Дојдете во петок 24-ти декември 2021 година да ги воспалите стомачните мускули од смеење. А ние за возврат ќе ве наградиме, порачуваат актерите во шоуто.

Епизодата ќе се одигра на сцената на малата сала на Народен Театар Охрид со почеток во 20:00 часот
Шоуто ќе се одигра согласно мерките за заштита од Ковид-19. За влез потребно е да се прикаже сертификат за потврдена имунизација од вирусот Ковид-19 со две дози вакцина или сертификат за прележан Ковид во последните 45 дена сметајќи од денот на оздравувањето. Сертификатот не се однесува за лица под 18 годишна возраст.

 

OhridNews