Во просториите на охридската гимназија „Св.Климент Охридски“, денес, се одржа предновогодишна изложба на украси, скулптури, накит и уметнички слики изработени од ученици.

Како што информира професорката по ликовна уметност, Катерина Слатинова, предметите ги изработиле учениците од прва и втора година на часовите по ликовна уметност и во рамки на слободните проектни активности.

Сакавме да ставиме една завршница на 2016 година и да видиме до каде ни се можностите, вели професорката Слатинова.

Посетителите на изложбата имаа можност да купат од изложениот накит изработен во рамки на проектот мултиетничка интеграција во соработка со УСАИД.

OhridNews