Последниот викенд во оваа календарска година донесува многу возбуда и забава. Предновогодишни забави, свирки во живо, диџеи и спектаклот на годината во Охрид „Зимска Бајка“.

Сезоната на прослави е на вистинскот агол, со богатата понуда на Скај Корнер и Бистро Корнер. Во претпразничен амбиент викендов таму, уживајте во една поинаква понуда, која ќе кулминира со дочекот на Новата година во Скај Корнер заедно со Деспина, Ѓоко Танески и Дуи Дис.

Овој петок, 27 декември, во Куба Либре настапува диџеј Гец, дедека во сабота Игуана бенд.

Забавата почнува во 22 часот.

Во Аквариус вечерва настапува бендот Броз, кој предновогодишно на денски забави ќе ги забавува посетителите и на 28 и 29 декември, како и на дочекот на Новата година.

Кадмо бар, исто така најавува извонредна забавна програма за претстојните празници, во која има за секого по нешто.

Уживајте во предновогодишни забави во „Ла Фабрик“ со ансамбл „Билјана“ и одлично мени на 28 и 30 декември.

За оваа прилика „Ла Фабрик“ нуди специјално мени: мешана салата, предјадење – пирошка, главно јадење – телешко и пилешко месо во сос од печурки, десерт тирамису. Неограничен пијалак: пиво – Скопско, Златен Даб, Даб класик и Македонско точено, ракија – бела и жолта Тиквеш, наливно вино Тиквеш, вотка, узо, џин, мастика, пелинковац и сите газирани и негазирани сокови и сето тоа само за 999 денари.

Резервации на тел. 078 500 554.

Забавите почнуваат во 21 часот.

Ирскиот паб „Фајв“, за сите љубители на пивото, викендов, подготвува вистинско уживање – Пивски игри, кои за прв пат ќе се одржат во Охрид, на 29 декември.

За учесниците предвидени се вредни награди. Доколку имате ведар и тимски дух, се што треба да направите е да соберете група пријатели и да направите тим за натпревар, кој треба да се пријави во пабот „Фајв“. Победниците ги очекуваат изненадувања, а учесниците многу забава за која ќе се погрижат Алекс и Мартин.

Пабот „Фајв“, ја објави и Новогодишната програма, во повеќе варијанти. Местата се ограничени, па затоа резервирајте на време.

Во знакот на претстојните празници е и понудата на фиш и лоунџ ресторан Лихнидос во центарот на Охрид, кој и оваа Нова година има одлична понуда.

Одлично предновогодишно и новогодишно мени промовираше и ресторан Бонанца, кој од неодамна има и новитети во менито, како и живи свирки во викендите.

Празничните денови сега можете да ги поминете со малку поинаква забава на луксузниот брод „Армада“, кој неодамна беше пуштен во пловидба.

Претстојниот викенд во „Скај Корнер“, 29 декември, недела, сладокусците повторно ќе можат да уживаат во извонредно подготвен неделен ручек: цвекло салата, пилешка супа, пастрмка со спанаќ и компир салата, колач со путер од кикирики.

Ваше е само на време да резервирате маса за неделниот ручек на 29 декември, најдоцна до петок, 27 декември.

Викендот конечно го носи спектаклот на годината, Зимска бајка, најголемиот културно-забавен настан во Охрид, кој оваа година ќе се одржи по пети пат.

За културните и забавните настани и другите случувања во градот редовно информирајте се во рубриката Што, Кога, Каде и низ содржините на најпосетуваниот интернет портал во регионот OhridNews.

Среќни празници!

OhridNews