Како што информира претседателот на Основната организација на Синдикатот на Македонија пат, Стојан Попов, денешниот прекин во работењето претставувал самоиницијативен собир на вработените, преку кој се испратило предупредување до раководството на претпријатието- што поскоро да се изнајде решение за ваквата состојба.
Во врска со проблемите со кои се соочуваат вработените во охридската секција на Македонија пат , но и во останатите подружници на претпријатието низ земјава, ќе се разговара на вечерашната најавена средба во Скопје, помеѓу министерот за транспорт и врски, Миле Јанакиески и раководството на ЈП Македонија пат.