До сабота подрачјето на Македонија ќе биде под влијание на неколку влажни воздушни бранови, па времето претежно во попладневните часови ќе биде променливо облачно и нестабилно со поројни врнежи од дожд и грмежи. Денеска од пладне ќе има услови за локално невреме со појава на град и засилен ветер, предупреди УХМР Македонија.

Во четврток ќе биде претежно облачно преку целиот ден и се очекуваат пообилни врнежи од дожд, особено во јужните делови. На места вкупните количества може да надминат 45 литри на квадратен метар. Во петок и сабота врнежите ќе бидат полокализирани и ќе се повеќе кон исток, а и ќе дува повремено засилен северен ветер. По утречние пониски дневни температури кон деновите на викендот температурата ќе биде во благ пораст, стои во метео предупредувањето на УХМР Македонија.

OhridNew