Едно поинакво музичко доживување приреди бендот „Лилит“, на првиот самостоен концерт што се одржа синоќа во предворјето на Света Софија во Охрид.

„Лилит“ ги изведе песните од нивниот прв албум „ЧУДО“, кои ја разгалија присутната публика.
Ова беше вечер која долго ќе ја паметам. Прв настап на Лилит, и тоа дома со прекрасна публика. Еден и пол час концерт ни помина како пет минути. – вели во изјава за OhridNews вокалистката Емилија Колоска.
По концертот во Охрид, вечерва следи и концерт во Скопје во Филхармонија Кафе Бар.
Подготвени сме за концертот кој следи во Скопје вечерва, а потоа и за почести настапи во живо. Листата за вториот албум веќе се полни со брзо темпо, па наскоро може да ве изненадиме и со нови ноти. – додава Емилија.
Емилија, како и јавноста во Охрид, со нетрпение го очекуваат музичко сценскиот спектакл „Зимска бајка“ кој, по пауза од две години треба да се одржи претстојниот декември.
Г.М.
Фото: Анамарија Момироска





















