Како резултат на денес склучениот договор помеѓу Фондот за здравствено осигурување на Македонија и Европската очна болница во Скопје, во иднина пациентите со прематурна ретинопатија (болест која се јавува кај предвремено родени бебиња) неместо да се лекуваат во странство, тоа ќе можат да го направат во болницата во Скопје.

Како што беше потенцирано по потпишувањето на договорот, досега трошоците за една интервенција во странство се движеле од 4.000 до 20.000 евра и семејствата биле принудени да учествуваат со 20 проценти партиципација, односно со 1.000 до 4.000 евра. Сега преку упатувањето од ресорните клиники преку Фондот до Европската очна болница, интервенцијата ќе биде веднаш спроведена со единствена партиципација од 100 евра.

Кај предвремено родените бебиња задниот сегмент на окото не е се уште оформен и затоа се појавуваат недостатоци во центарот за вид.

OhridNews