Грипот и сезонската настинка ги испразнија охридските училишта. Во одредени паралелки бројот на ученици е речиси преполовен.  Официјален податок за бројот на заболени од новиот грип А(Х1Н1) во Охрид нема, но тој се смета за главна причина за намаленото присуство на учениците на настава.

Комисијата за пандемски грип нема донесено одлука за предвремен распуст во училиштата. Иако според комисијата не постојат услови за прогласување епидемија, дел од родителите од предострожност не ги испраќаат децата на училиште.

Ohridnews