Маж на возраст од 82 години, загина во струшкото село Велешта, откако бил прегазен од засега непознат возач.

Како што информира полицијата, лицето починало на лице место, додека службите трагаат по идентитетот на возачот.

На местото на настанот извршен е увид од страна на Министерството за внатрешни работи, пренесува Прес24.

 

OhridNews