На регионалниот пат Струга-Дебар, вчера, околу 17 часот, во струшкото село Враништа, 46-годишно лице од Подгорци, управувајќи патничко моторно возило „Ауди А4“ со италијанска национална ознака удрил во пешак, 53-годишна жена од Враништа. По незгодата возачот ја однел повредената во струшката Општа болница каде била констатирана смрт.
Увид на лице место извршиле јавен обвинител и екипа на Полициската станица-Струга.
OhridNews