Во општина Струга денеска ќе се прегласува вториот круг од локалните избори на девет избирачки места.

Ќе се прегласува на избирачките места 1852, 1857, 1860 во Струга, 1877 во населено место Радолишта, на избирачките места 1883 и 1884 во село Октиси, 1904 во Бороец и 1910 и 1911 во село Подгорци.

Во избирачкиот список на деветте избирачки места се запишани 7.885 гласачи.

OhridNews