Прегорените светилки и недоволното улично осветлување во некои делови на градот се уште претставуваат проблем за охриѓани.

Граѓаните реагираат дека иако поголемиот дел од булеварот „Туристичка“ е осветелен, сепак на потегот кај Основното музичко училиште „Методи Патчев“ прегорените светилки предизвикуваат пробелем кај возачите, но и оние кои ја преминуваат сообраќајницата.

Исто така, охриѓани реагираат и на слабото осветлување кај Историски архив и долж улицата „Богомилска“.

Како што претходно информираа од локалната самоуправа, доколку граѓаните имаат проблеми со уличното осветлување, треба да достават писмено или усмено барање до надлежните служби во Секторот за комунален развој, со бројот на сијаличното место.

OhridNews