Организатор на Тв проектот е националната телевизија А1. Во симулацијата ќе бидат вклучени интелектуалци и експерти од Македонија и Грција кои со помош на претставници на меѓународната заедница кои ќе бидат претставувани од странски експерти и дипломати ќе симулират преговари во Охрид.
Ставовите на Македонија ќе ги застапуваат Васил Тупурковски, Љубомир Фрчковски и Стојан Андов, а на Грција поранешниот амбасадор во Македонија и САД Алексадрос Малјас и универзитетските професори Евангелос Кофос и Танос Веримис.
– Крајната цел на А1 Тв со овој проект е на јавноста да и овозможи да ги чуе сите детали и аргументи кои ги има и едната и другата страна. Ние не претендираме дека тоа ќе биде решение на спорот меѓу Македонија и Грција, но се надеваме дека може да помогне во наредниве месеци да се доближат позициите на ниво што ќе ги деблокира македонските евроатлантски интеграции.- велат организаторите на симулацијата.