Мерката за гарантирана цена на дел од прехранбените производи, како лебот, млекото, јогуртот, тестенините,…, дел од месните производи, како и на безалкохолните пијалаци и пивото од утре нема да важи. Истекува и рокот на владината одлука со која беа намалени увозните давачки за зеленчукот. Институциите најавуваат засилени контроли за да се интервенира во случај на драстично поскапување на производите, со оглед дека законот за нефер трговски практики, со кој се очекува да се амортизира состојбата, се уште не е изгласан.

Замрзнувањето на цената е една од мерките која не содветствува со пазарната економија, треба да се вратиме во нормалните текови на живеење, а секако останува на бизнисмените да се однесуваат соодветно. Државниот трудов и Државниот пазарен инспекторат веќе од заутре ќе бидат на терен и за секое евентуално зголемување на цените коишто излегуваат од секоја нормална пазарна логика, соодветно ќе реагираме. Тоа нема да значи дека ако во Собранието нема разум за носење закон за нефер трговски практики, ние нема да реагираме, изјави Битиќи.
Министерството за економија веќе се изјасни дека нема да биде продолжена мерката за гарантирана цена. Очекува со законот за нефер трговски практики, што по скратена постапка е во собраниска процедура и ја помина првата фаза во комисиите, да се стави ред во нелојалната конкуренција во трговијата и да доведе до намалување на цените на прехранбените производи.
Очекуваме ова законско решение, кое е целосно усогласено со европската регулатива и е со европско знаменце, да биде усвоено во најкраток можен рок. Со законот очекуваме да се намалат цените на прехранбените и земјоделските производи, изјави Бектеши.
Институците денеска треба да ги заокружат анализите дали листата на прехранбени производи со замрзната цена ќе се прошири и со шеќерот, јајцата и оризот, а одлуките за тоа ќе се донесат на по
Голем број прехранбени производи означени со „гарантирана цена“ од 20 септември се продаваа во маркетите по цена за 10 проценти пониска од износот на 1 август лани, согласно одлуката на Министерството за економија, чија важност истекува утре.

До утре е во сила и Одлуката за изменување на одлуката за определување на највисоки цени за одделни производи во трговијата на големо и трговијата на мало што се однесува на: светло пиво во пакување од 1,5 l во шише; газирани пијалаци (сокови) во пакување над 1 l во шише; негазирани пијалаци (сокови) во тетрапак пакување и минерална, газирана и негазирана природна изворска вода во пакување над 1 l во шише. Завршува важноста и на одлуките за намалување на увозните давачки за увоз на свеж зеленчук според која применливата царина е 10 отсто за кромид, праз, карфиол и брокула, салата, моркови, модар патлиџан и тиквици, како и за намалување на увозните давачки за увоз на свежи домати, краставици и пиперки и за кои применливата царина е 10 отсто.
Операторите со храна ги почитуваат општите хигиенски барања при манипулацијата со храна, а нема отстапки ниту во поглед на спроведувањето на пропишаните превентивни и мерки за заштита од стра
Институтот за економски истражувања и анализи Фајнанс тинк, во последниот Бриф за политиките “Ефективни и/или скапи? Дали владините мерки за справување со кризата со цените на храната и енергијата ги заштитија граѓаните?”, наведува дека е неопходно да се размислува за замена на нетаргетирана мерка за замрзнати цени на основните прехранбени производи со друг контингент мерки, зависно од проблемите што евентуално се присутни на терен.
Ако постои нефер договарање за цените на прехранбените производи, во услови кога растот на цените на инпутите во производиот процес или на цените од увоз е значајно намален, а кај некои производи дури и негативен, тогаш треба да се впрегнат механизмите на антимонополското законодавство, вклучително и со законско проширување на надлежностите на Комисијата за заштита на конкуренцијата, покажува анализата на „Фајнанс тинк“.
Според податоците на Државниот завод за статистика, индексот на трошоците на животот во јануари во однос на јануари 2023 година, бележи зголемување од 3,2 отсто, а на цените на мало од 2,8 отсто.
Пресметките на Сојузот на синдикатите на Македонија покажуваат дека вредноста на синдикалната минимална кошница во февруари изнесува 57.476 денари, од кои 21.219 денари се потребни за храна, а потоа следуваат режиските трошоци – плаќање вода, електрична енергија и греење. Минималните трошоци на едно семејство во февруари годинава се зголемени за 313 денари во однос на јануари.
OhridNews












