Челниците на НБА лигата размислуваат во иднина да им дозволат на кошаркарите место нивните презимиња да стојат нивните прекари.

Натпревар со нивните прекари на дресовите ќе одиграат екипите на Мајами Хит и Бруклин Нетс, а потоа челниците ќе ја донесат конечната одлука.

Од оваа сезона во НБА лигата, свој преставник ќе има и Македонија, а тоа е Перо Антиќ, кој ќе настапува во тимот на Атланта.

Ако се одлучат за прекари на нивните дресови ќе биде интересно да видиме дали Антиќ ќе одбере свој надимак да го краси дресот.

Мх.П.