На патниот правец Маврово–Дебар на делот од Бошков мост до Мелнички мост поради изведување градежни работи на пат (асфалтирање), денеска сообраќајот ќе биде во прекин во двата правци од 13:00 до 17:00 часот, информира АМСМ.
Сообраќајот на државните патишта се одвива по суви коловози.
Во клисурите и засеците можна е појава на помали одрони, особено на патните правци: Кочани – Македонска Каменица – Делчево, Виница – Берово, Гостивар – Стража, Маврово – Дебар – Струга, Демир Капија – Удово, Катланово-Велес, Крушево – Демир Хисар и Ресен-Буково.
На патниот правец А3 Прилеп – Битола – Ресен на обиколницата кај Битола свлечиштето е очистено,но од превентивни причини сообраќајот сеуште се пренасочува низ градот Битола.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини нема подолги задржувања за влез и за излез од државата. Оваа информација се однесува само за македонската страна на премините.
OhridNews