На патниот правец Маврово–Дебар на делот од Бошков мост до Мелнички мост поради изведување градежни работи на пат (асфалтирање), од 11.04.2017 (вторник) до 13.04.2017 (четврток) сообраќајот ќе биде во прекин во двата правци од 13:00 до 17:00 часот, информира АМСМ.

Сообраќајот на државните патишта се одвива по суви коловози.

Во клисурите и засеците можна е појава на помали одрони, особено на патните правци: Кочани – Македонска Каменица – Делчево, Виница – Берово, Гостивар – Стража, Маврово – Дебар – Струга, Демир Капија – Удово, Катланово-Велес, Крушево – Демир Хисар и Ресен-Буково.

Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини нема подолги задржувања за влез и за излез од државата. Оваа информација се однесува само за македонската страна на премините.

OhridNews