Како што информира портпаролот на ЕВН Македонија, Александар Ковачески, поради изведување на неопходни електро- монтажни зафати во една од трафостаниците на ЕВН, денес, до 16 часот и 30 минути ќе има прекин во снабдувањето со електрична енергија на неколку улици во Охрид.
Прекин во снабдувањето со електрична енергија има на улиците 7-ми Ноември, Заводот за вработување, дел од улицата Кленоец, бензиските пумпи Макпетрол и Лукоил, објектите околу автобуската станица и дел од потрошувачите на улицата „Васил Главинов“.











