Од ЕВН Македонија информираат дека денес,31- ви јули, во периодот од 10 до 15.30 часот ќе има прекин во снабдувањето со електрична енергија на делови од улиците „Марко Нестороски“  и „Богомилска“.

Од 11 до 15 часот без струја ќе бидат и населените места Елен Камен 1 и Елен камен 2 во општина Струга.

Прекините се заради реализација на инвестициони зафати за подобрување на квалитетот во снабдувањето со електрична енергија на корисниците во наведените делови од градот.

OhridNews