Поради интервенција на водоводната мрежа денес од 09:30 часот, неколку часа без вода ќе бидат корисниците на улиците: „15ти Корпус“, „Кленоец “, „Српница“ и „Прилепска“, информираат од ЈП Водовод Охрид.

Посочуваат дека екипи на претпријатието се на терен до целосно завршување со интервенцијата.

OhridNews