Покрај изградбата на атмосферска канализација на улицата „15ти Корпус“ во тек е и замена на старата азбестна водоводна линија со нова, поради што во наредните денови ќе има повремени прекини во водоснабдувањето, информира ЈП Водовод Охрид.

Поради овие градежни активности, корисниците на водоводната мрежа на потегот од кружниот тек кај ЕМУЦ до бензиската пумпа на Макпетрол, како и сите споредни улици на „15ти Корпус“ на овој потег, почнувајќи од денес, во наредните неколку дена секојдневно по неколку часа ќе имаат прекин во водоснабдувањето. – соопшти ЈП Водовод Охрид.

OhridNews
Фото: Архива