Прекин во водоснабдувањето поради дефект има на неколку улици во Охрид, информираат од ЈП Водовод Охрид.
Поради настанат дефект на водоводната мрежа, денес од 08:30 часот, неколку часа без вода ќе бидат корисниците на следните улици: “Питу Гули”, “Егејска”, “15ти Корпус”, дел од “Железничка”, дел од С.Лескоец, горно Лакочереј и населбата Црногорци, велат од претпријатието.
Додаваат дека екипи на јавното претпријатие се на терен, до целосно завршување со санацијата.
OhridNews












