Поради приклучување во водоводната мрежа, денес ќе има прекин во водоснабдување кај корисниците од две улици во Охрид, информираат од ЈП Водовод Охрид.
Поради приклучување на два објекти во водоводната мрежа, денес од 09:00 до 11:00 ќе има прекин во водоснабдувањето на улицата „Андреја Јованоски”, а од 11:00 до 13:00 часот прекин во водоснабдувањето ќе има на улицата „Мирче Ацев”, додаваат од претпријатието.
OhridNews












