Утре неколкучасовен прекин ќе има во водоснабдувањето кај корисниците на неколку улици поради приклучување во мрежа на новата водоводна линија на улицата „Дејан Војвода“, информираат од ЈП Водовод Охрид.
На ден 16.11.2022 година од 08:00 до 15:00 часот ќе има прекин во водоснабдувањето на следните улици: дел од ул. „Дејан Војвода“ (на потегот од ЕВН до крстосницата со ул.„Абас Емин“), дел од ул. „Македонски Просветители“ ( на потегот од ЕВН до пожарна) и дел од ул. „Абас Емин“, додаваат од претпријатието.
OhridNews












