Жителите од населбата „Гоце Делчев“ (Бараки), поточно на улицата АРМ, поради настанат дефект на водоводната мрежа, денес од раните утрински се соочуваат со прекини во водоснабдувањето, информира ЈП Водовод Охрид.

Ова е втор дефект на истата линија, кој е предизвикан од компликација на претходниот кој беше саниран пред два дена. Екипи на ЈП Водовод Охрид се на терен, но бидејќи линијата е на непристапен терен, работите и копањето се одвиваат рачно, така што прекинот во водоснабдувањето може да потрае неколку часа. – информира јавното претпријатие.

OhridNews